Ангелов: Има бактерија во водата во Гостивар што предизвикува инфекции на кожата, очите и ушите

t

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, денеска изјави дека во водата во Гостивар има бактерија која што предизвикува инфекции на кожата, очите и ушите. Водата беше прогласена за технички исправна, но не е дозволено со неа да се готви и не смее да се пие.

Постои присуството на Pseudomonas aeruginosa во водата за пиење. Овие бактерии ја прават водата микробиолошки неисправна и небезбедна за консумирање бидејки се опасни за здравјето, особено за луѓе со слаб имунитет. Предизвикуват инфекции на кожата, очите и ушите. Може да доведат до инфекции на уринарниот тракт и белите дробови кај чувствителни лица. Имаат висока отпорност на многу вообичаени лекови и антибиотици, остакна Ангелов.

Тој додаде дека денеска се ангажирани 3 цистерни со питка и техничка вода за потребите на Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гостиварец заминал на работа и исчезнал, по…

60-годишен гостиварец доцна синоќа бил пронајден починат…

Гостиварци нема да ги плаќаат фактурите за…

Со последната одлука на Општинскиот совет, гостиварци…

СДСМ: Зошто и по шест недели по…

Соопштение на СДСМ Зошто и по шест…

Прекината епидемијата во Гостивар – нема нови…

По периодот на зголемен број стомачни тегоби…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори…

„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен…