Ангелов: Мислам дека е хибриден напад!
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска во изјава за Канал 5 истакна дека смета оти се работи за хибриден напад.
„Според моето полициско, но и друго безбедносно искуство кое е подолго, се работи за хибриден напад. Невозможно е во волку краток период да настанат вакви пожари кои што предизвикуваат сериозно загадување на воздухот кој што потоа некој може да го искористи за политичко влијание“, вели АНгелов.
Тој додава дека разговарал и со сопственикот на компанијата, кој истакнал дека многу е тешко да се запали електронскиот отпад.
„Тврди дека е многу тешко палењето на овој отпад, дека не е едноставно, бара труд некој да го запали, повеќе од 15 години постоеле и досега немало никаков проблем, но тоа е само мој сомнеж“, вели Ангелов.
Тој додава дека безбедносните служби во земјава агилно работат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Мислам дека е хибриден напад!
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување…
Марковски: Скопје доживува клиничка смрт
Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Горан…
Филипче: Македонија стана опасно место за живеење,…
„Состојбата апсолутно излегува од контрола,“ реагираше претседателот…
(ВИДЕО) Чадот од отпадот кој гори во…
Покрај пожарите во депониите „Вардариште“ и „Дрисла“,…
Пронајдени се 13 мигранти во близина на…
Пронајдени се 13 лица мигранти во близина…