Ангелов: Мислам дека е хибриден напад!

t

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска во изјава за Канал 5 истакна дека смета оти се работи за хибриден напад.

„Според моето полициско, но и друго безбедносно искуство кое е подолго, се работи за хибриден напад. Невозможно е во волку краток период да настанат вакви пожари кои што предизвикуваат сериозно загадување на воздухот кој што потоа некој може да го искористи за политичко влијание“, вели АНгелов.

Тој додава дека разговарал и со сопственикот на компанијата, кој истакнал дека многу е тешко да се запали електронскиот отпад.

„Тврди дека е многу тешко палењето на овој отпад, дека не е едноставно, бара труд некој да го запали, повеќе од 15 години постоеле и досега немало никаков проблем, но тоа е само мој сомнеж“, вели Ангелов.

Тој додава дека безбедносните служби во земјава агилно работат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР потврди: Акција за осомничени за финансиски…

Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата…

Секој ден нов напад – дали е…

На градилиште пред седиштето на фирма за…

Соработниците на Трамп сакаат „потивка“ војна до…

Најблиските помошници на претседателот Доналд Трамп се…

Уапсен маж на железничката станица во Брисел:…

Маж е уапсен на главната железничка станица…

Путин: Потегот на Норвешка е тероризам

Рускиот претседател Владимир Путин го опиша запленувањето…