Ангелов: „Национални шуми“ нема доволен број на пожарникари, авионите полнат гориво само на едно место
Директорот на Центарот за управување на кризи, Стојанче Ангелов денеска информираше дека ЈП „Национални шуми“ имаат пожарникари, но недоволен број. Како што истакна, со закон се должни на одреден број на жители, да пријават одреден број на пожарникари. Ќе пријават 40, но реално некој од има здравствени проблеми, некои се отсутни и тие во реалноста ја немаат бројката која што ја декларираат и тука настаува нивниот проблем.
Раководството на „Национални шуми“ не е виновно. Нема луѓе, тие се луѓето. Законот е ригозорен, а решението е целосно реформирање на Системот за управување со кризи, но тие да го направат луѓе од браншата. Професори не ни требаат бидејќи ние ги знаеме вистинските проблеми. Професорите водат во погрешни правци, кажа Ангелов на денешната прес-конференција во ЦУК за состојбата со пожарите и подготвеноста на надлежните.
За авионите за гаснење на евентуални пожари, Ангелов информира дека имаат лимит и можат да наполнат вода на повеќе места, но гориво само на едно место.
Додека полициските хеликоптери, кои што сега максимално ќе ги користиме, можат да наполнат вода било каде. Базенот можеме да го поставиме во близина на пожарот. Тоа е благодарение на ДЗС. Доколку снема гориво, слетува во најблиската полјана, чека специјална цистерна со гориво. Полнат вода – фрлаат, кажа Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…