Ангелов: Повеќе пожари избија речиси истовремено, постојат сомневања дека се подметнати
Денес попладне скопскиот регион беше зафатен со силно невреме проследено со силен ветер при што речиси истовремено избија повеќе пожари на отворен простор кои беа видливи од поголемиот дел на градот Скопје и предизвикаа вознемиреност помеѓу граѓаните, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
– За дел од овие пожари постојат сомневања дека се намерно подметнати.
Во периодот додека беснееја овие пожари на отворен простор, во регионот на аеродромот Скопје дуваше силен ветар проследен со силен дожд поради што ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување како и армискиот хеликоптер иако беа во состојба на готовност не можеа да полетаат и да дадат подршка на пожарникарите.
Пожари избија на следните локации:
- Општина Сарај, с. Крушопек, кон падините на Водно, беше зафатена ниска вегетација и мешана шума.
- Општина Карпош кај спортската сала Борис Трајковски (ниска вегетација).
- Општина Гази Баба, с. Виниче и Црешево (ниска вегетација и мешана шума).
- Општина Бутел, кај последна 57 (ниска вегетација).
Општина Гази Баба, с. Инџиково (трева и ниска вегетација).
Сите пожари се изгаснати или ставени под целосна контрола.
Голема благодарност до екипите на скопската Бригада за противпожарна заштита за брзата и пожртвувана реакција. Благодарност и до тимовите на ДЗС како и доброволното противпожарно друштво од Чаир. Посебна благодарност до повеќето граѓани кои се затекнаа на местата на пожарите и несебично помогнаа на пожарникарите. – вели Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…