Ангелов присуствуваше на симулациска вежба во организација на ДЗС, Општина Берово и Цивилната заштита на Бугарија

t

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, присуствуваше на симулациската вежба „РОДОП 2023″ , во организација на Дирекцијата за заштита и спасување, Општина Берово и Цивилната заштита на Република Бугарија.

На симулациската вежба според сценариото на вежбата се реализираше целодневна вежбовна акција по координацијата почната од ЦУК, при забележување на пожар, информирање на ТППЕ Берово, ОВР Берово, ПОЗС- ДЗС, ЦУК Берово.


Активирање на Општинскиот штаб како и превземање на мерки од страна на Општинскиот штаб и волонтери за гасење пожар на отворен простор на Општина Берово, од пожарникарите од ТППЕ Берово, Брзата помош од Здравствен дом Берово, ДПД Кочани и Пехчево, Дирекцијата за заштита и спасување и од Цивилната заштита на Република Бугарија.

Вежбата се реализира на локација во село Мачево, на местото викано Вчков Рид Крвавел помеѓу котите 922 и 978 во Општина Берово, соопштија од ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паметните часовници ќе спасуваат животи, отсега автоматски…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) продолжува…

ЦУК алармира: Не е безбеден патот меѓу…

РЦУК Скопје известува дека од Општина Карпош…

Спасен човек во Видовиште: Неподвижен три дена…

Преку Единствениот бројот за итни случаи 112…

Четири пожари на отворено во последното деноноќие

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало…

ЦУК апелира за редовно чистење на локалните…

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК)…