Објавено на:

Ангелов: Спречен уште еден обид за подметнување на шумски пожар

t

Шумочуварите на Национални Шуми од подружница Осогово Крива Паланка, во заедничка акција со МВР вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на кое безмалку и да нема движење на луѓе пронајдоа и отстранија повеќе од триесетина на куп нафрлани автомобилски гуми, картон за потпалување, внатрешни гуми како и суви борови стебла и гранки подготвени за палење и предизвикување пожар на отворен простор.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вели дека доколку не ова не било спречено, набргу пожар би се проширил во блиската шума.

„Апелираме до сите граѓани, доколку забележат сомнително однесување кое укажува на намера за предизвикање пожар надвор од населено место како што се гуми, даски, дрвени палети, пластични шишиња или туби со течност која наликува на бензин, итно да се јават на бројот 112 или да пријават во најблиската полициска станица или на било кој припадник на полицијата или друга безбедносна служба“, вели Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…

ТРАМП СВИКА ВОНРЕДЕН БЕЗБЕДНОСЕН СОСТАНОК: Во Белата…

Американскиот претседател Доналд Трамп одржува специјален безбедносен…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ…

Иракските власти ги засилија мерките за нуклеарна…

„Фајненшл тајмс“: Русија договорила испорака на 90…

Русија се согласила да му испорача на…

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…