Објавено на:

Англија прва, Данска и Словенија без победа кон осминафинале, Србија заминува дома

t

Англија со една победа, Данска и Словенија без победа обезбедија пласман во осминафиналето на Еуро 2024. Вечерва во последната рунда од 3. коло во групата „Ц“ и двата меча завршија без постигнат гол.

Англија и Словенија одиграа 0:0 во Келн, а истиот резултат го видовме и на мечот меѓу Данска и Србија во Минхен. Англичаните и Данците за нијанса покажаа подобар фудбал, Словенија го направи она што го посакуваше, само Србија остана со кратки ракави, затоа што не успеа да направи практично ништо за да дојде до посакуван триумф за пласман во следната рунда.

Англичаните како првопласирани од групата заминуваат во нокаут-фазата, со тоа што на три меча оставарија само една победа (две ремија), додека Словенците и Данците со реми ги завршија сите три средби и практично без извојувана победа одат во следната рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…

На почетокот од 59. минута од вечерашниот…

Словенија стравува од поплави и одрони по…

Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради…

Дете удри во дрво и загина на…

Дете трагично го загуби животот денеска на…

Словенечките војници „извојуваа“ да им се плаќа…

По неколкугодишни напори, вработените во словенечката армија…

Над 150 професори од Словенија ги поддржаа…

Околу 150 членови на словенечката академска заедница…