Андоновска: Нудиме реални и остварливи проекти во делот на трудот и социјалната политика

t

– Денеска сме тука на главниот плоштад Во Скопје, мислевме дека Скопје е празно, но не е. Имавме пријатни средби со граѓаните. Она што доминира се пред сѐ туристичките групи и тоа нѐ израдува, меѓутоа потоа сретнавме и една категорија на граѓани, кога се движевме накај Зелено пазарче, категорија на граѓани од ромското население кајшто исто така сакам да ги начнам нивните проблеми, истакна денеска носителката на пратеничката листа во ИЕ 1 на коалицијата „Храбро за Македонија“, Д-р. Добрила Андоновска.

– Сѐ уште постојат во Македонија огромен број на граѓани коишто не се никаде регистрирани, почнувајќи од деца, коишто се родени, не се внесени, не постојат, едноставно тие се фантоми, така и повозрасни луѓе и постари кои немаат документација. Сретнавме една таква поголема група на граѓани, тие не можат да си го остварат правото на здравствено осигурување, не можат да си го остварат правото на било каква социјална помош од социјалните пакети. Не смееме да си дозволиме денеска, во денешно време, мене ме фрапира податокот дека станува збор за огромна бројка. Пред неколку дена исто така движејќи се сретнав едно 10-годишно детенце со неговата баба, се поздравивме, го прашувам како се вика, ми кажува и го прашувам кое одделение, ми вели не одам на училиште. Ми кажува дека мајката и таткото останале во Германија, три деца биле депортирани тука, тие три деца не постојат никаде. Јас апелирам до сите социјални служби, како на локално ниво, така и на државно ниво, Меѓуопштинскиот центар за труд и социјала во Скопје, не можам да разберам дека во денешно време ние имаме фантоми на секаква возраст. Тоа беше тоа што денеска ме фрапира. Знаеме дека постои, со години се зборува, но очигледно на терен не се работитој проблем.

Сите тие сакаат да бидат наши граѓани, со легална документација, меѓу другото и да го остварат своето право на глас што е уставно право. Тоа би било околу социјалниот дел.

Тука можам денеска да ви зборувам во однос на нашиот пакет за труд и социјала. Во делот на труд и социјала ние секогаш тргаме со реални мерки, не е реална мерка кога намалувате некој процент од одредени бенефиции, туку да го зголемите. На пример, делот што се одвојува во случај наневработеност кој сега е 1,25%, нашиот предлог е да биде 3%. Зошто? За да може сите категории на граѓани кои ќе останат без работа по било кој основ, пропаѓа фирма, го бркаат од работа, го тераат да потпише договор дека го напушта работното место, било кој граѓанин кој ќе остане без работа да може соодветно на работниот стаж да добие надокнада преку нашите институции.

Досега остваруваа право само тие што им пропаѓаа фирмите, не оние што во случај на болест напуштаат работа, спогодбено потпишуваат, значи сите ќе бидат опфатени и ќе можат да остварат 50% од последните две години. Во делот на социјалните пакети, секогаш треба да добијат најголеми суми тие семејства кои се најзагрозени, каде не само еден член, туку сите членови на семејството се невработени, не можат да остварат право на вработување поради болести, одредени попречености итн и кај што имаат малолетни деца. Предлагаме да пакетот за социјална помош биде загарантирани 18.000 денари, тоа ни е во однос на труд и социјала и повторно да ги спомнам тука изградба на старски домови и геријатриски центри во сите градови коишто ќе бидат во склоп на постоечките болници кои имаат испразнети капацитети. Мора да се грижиме за старата популација, мора да се грижиме за младите кои бараат на пример палијативна грижа, дали станува збор за повреди, трауми, луѓе што долго време се врзани за кревет, малигни болести итн. Многу работи треба да се сменат во овој дел на труд и социјала, не дека не се преземаат мерки, континуирано се преземаат мерки, меѓутоа цениме дека нашите предлози се реални и остварливи и ќе се потрудиме да ги поднесеме како законски измени. – истакна Андоновска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Словенија нема да увезува мигранти: Ќе работат…

Владата на Словенија одлучи недостатокот на работна…