Андоновски до СДСМ: Каде се бифтеците во Годишниот извештај?

t

Советникот во Советот на Град Скопје, Стефан Андоновски на денешната седница на советот на градот праша каде се бифтеците во годишниот извештај на градот.

Го пренесуваме неговиот говор во целост:

Овој ден ќе биде ден на хипокризијата во советот на Град Скопје. На едната седница слушавме како се брани многу “успешниот“ поранешен градоначалник, а на следната седница најверојатно ќе бараат одговори колегите советници од опозицијата до сегашниот градоначалник за проекти кои што се ветени четири години и затоа овој ден јас овој ден го нареков ден на хипокризијата ала бифтек на путер.

Јас не се сметам за многу искусен во делот на анализа на завршни сметки и годишни извештаи, но со моето неискуство не успеав да пронајдам каде е ставката, барав на пример во делот на капитални инвестиции ова со бифтекот, дали е во делот на трошоци, на други услуги, колку бифтеци се купиле ако 2019 година еден бифтек порција чинел 2.400 денари, дали цената поскапела во 2020 или 2021 година, рече советникот во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски на денешната седница на која се дискутираше за Извештајот на градот за 2021 година.

Андоновски смета дека хипокризија е советниците од СДСМ да прашуваат до каде е реализацијата на проекти од страна на градоначалничката Данела Арсовска, имајќи во предвид дека извештајот од работењето на претходниот градоначалник Петре Шилегов покажува дека ништо од тоа што е ветено пред граѓаните не е реализирано.

И таа хипокризија на бифтекот со путер ние ќе ја слушаме цел ден, ќе ја заборават советниците од опозицијата што се ветувале и не реализирале четири години, но ќе почнат да прашуваат за прашања кои што се ветувања на градоначалничката за наредните четири години. И така нема да ги слушнете овие советници да зборуваат за страна 16 од програмата од 2017 година каде што се обврзале на гасификација на цело Скопје итно и битно, каде што ќе обезбедеа гасни приклучоци за сите фирми, а и ќе донеле гас и до граѓаните., истакна тој.

Андоновски потенцираше дека во извештајот нема да се видат ниту потрошени средствата за центри за започнување и развој на бизнис, паметни, јавни тоалети, за заживување на реката Вардар во делот на Долно и Горно Лисиче, пошумување на Водно, фотолвотаици кои што ќе бидат дел од секое семејство, вертикално зеленило кое што сте го ветиле на сите згради и најинтересниот проект или најголемиот мега проект кој што сте го ветиле а јас во овој извештај не го гледам тоа е Скопје европска зелена престолнина 2021 година.

Нема да слушнете ниту за вложуваме во младите, отвораме центри за започнување и развој на бизнис на страна 8 од нивната програма. Нема да слушнете ни за центарот за нови бизнис страна 31 од нивната програма. Во извештајот нема ги видете потрошените средства на паметни клупи на пример или на јавни тоалети кои што исто така ги ветија во програмата. Нема да видете средства потрошени за заживување на реката Вардар не на овие 500 метри во центарот на Скопје, туку во оние делови на Горно и Долно Лисиче кое што е заборавено со депонии.

Нема да видете средства потрошени за централен комунален сервис кој што го ветиле пред 4 години, нема да видете ниту средства за рампи за лица со инвалидност од страна 31 од програмата. Едноставно речено нема реализација на уверувањата на СДСМ и за тоа граѓаните својот револт го покажаа на последните избори. Но денеска ќе биде ден на хипокризијата бидејќи истите овие луѓе што пред пет години ветуваа реализација на сите овие проекти, денеска ќе прашуваат за некои нови проекти, кои што ќе бараат да се реализирани проекти ветени за четири години, кажа Андоновски.

И во овој извештај вие нема да ги видете средствата кои што биле наменети за пошумување на Водно, 750.000 евра кои што после тоа магично се преместени на некои други сметки потрошени, на не знаеме какви проекти. И затоа е хипокризија да зборувате за фотолвотаици кои што ќе бидат дел од секое семејство, вертикално зеленило кое што сте го ветиле на сите згради и најинтересниот проект или најголемиот мега проект кој што сте го ветиле а јас во овој извештај не го гледам тоа е Скопје европска зелена престолнина 2021 година.

Јас не знам со кој образ советниците ќе поставуваат прашање за животна средина, чистење на депонии кога имале шанса, имале ветување пред граѓаните, се обврзале на тоа и никаква реализација на тоа, додаде тој.

Андоновски нагласи дека нема реализација ниту на спортско рекреативниот центар Треска иако Шилегов ветил во програмата, додавајќи дека советниците од СДСМ сега од опозиција ќе прашуваат до каде е Арсовска со реализација на тој проект.

Цела страница 17 од програмата на Петре Шилегов потрошена на спортско рекреативниот центар Треска. Четири, пет години подоцна а можеби и сега ќе го слушнеме прашањето до новата градоначалничка до каде сте со на спортско рекреативниот центар Треска. Наместо да го реализираат оставија да го прашуваат сега во мандат како советници и сосема на крај се надевам дека и службите ќе ми помогнат да ги најдеме бифтеците во овој годишен извештај, порача Андоновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…