Андоновски: Се бара мито од најмалку 100 евра за лични документи
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека системот е целосно разрушен од минатата власт, и наведе дека граѓаните чекаат во редови за лични документи, а вработените им бараат пари за побрзо да завршат некоја работа.
„Имам сознанија од мои блиски пријатели кои биле да бараат документи, дека вработените им барале по 100 евра па нагоре за да добијат документ за 15 дена, иако за истиот требало да се чека минимум три месеци. На тој начин за побрзо да ги добијат документите, службениците им бараат мито. Затоа во првите 100 дена ќе направиме ред“, рече Андоновски во изјава за ТВ Алфа и додаде:
„Системот е разрушен, ако воопшто постои систем. Корупцијата ја има од најниско до највисоко ниво. При нефункционалност на системот, вие имате луѓе кои ќе го злоупотребат тоа за да спечалат црни пари. Ако одите по редовна постапка, може да чекате цел ден и на крај да на је завршите работата. Но, ако најдете врска и платите, службениците ќе ви завршат работа“, рече министерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…