Андоновски: Случајот со Леонид Индов не е единствен, неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗО

t

Заменик омбудсманот Јован Андоновски одговорајќи на новинарско прашање во врска со случајот Леонид Индов најави дека оваа недела ќе почне да се работи на иницијатива со која се предвидуваат измени на законски и подзаконски акти на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ), кои ќе бидат во насока да се цени секој случај индивидуално, а не да се категоризираат предметите.

Тој посочи дека засега немаат никаква реакција од Фондот, во врска со најавената иницијатива.

-Засега немаме никаква реакција од страна на ФЗОРСМ. Ние најавиме иницијатива. На таа иницијатива ќе почне да се работи оваа недела. Со неа предвидуваме измени на Законот и на подзаконските акти, особено на подзаконските акти на ФЗОМ коишто се застарени и антидатирани. Измените би биле во насока на тоа да се цени секој случај индивидуално, значи не може да се категоризираат предметите само дали станува збор за лекување или рехабилитација, особено за оние случаи кога станува збор за животозагрозувачка состојба на пациентите, изјави денеска Андоновски по учество на конференцијата „Украина – две години хероизам“ во Скопје.

Тој потврди дека случаите со Леонид Индов и Јани Иванов од Неготино не се единствени, туку постојат повеќе случаи на кои ФЗОМ на осигурениците не им овозможува соодветен третман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ќе се менува Колективниот договор во…

Над 1.800 здравствени работници ги тужат државните…

Меѓу осигурениците на Фондот за здравство во…

Според табелата на српскиот Фонд за здравствено…

Болниците да проверат резерви на хелиум!

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) упати итно…

Од 1 јануари „симболично“ ќе се зголеми…

Од 1 јануари 2026 година граѓаните ќе…

Нема доцнење од 30 дена за породилното,…

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ги демантира…