Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 македонски народни песни во регионите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора
„Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд работев девет години и успеав да заштитам над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“, напиша Андријана Јаневска.
Пејачката Андријана Јаневска, која е професор по солфеж и соло пеење на катедрата за популарни жанрови на Факултетот за музичка уметност, но и виолинистка во НОБ, вчера (13.05) ја зеде својата диплома.

Таа на социјалните мрежи објави фотографии од прогласувањето за доктор на науки. Со неа беше и сопругот, гитаристот Драган Гиновски – Гино, кој не само сега, туку и години наназад ѝ е најголема поддршка.
„Денес во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. Благодарност до проф. д-р Родна Величковска која како мој ментор несебично ми помагаше во текот на пишувањето на трудот. Честитки и до останатите колеги“, напиша Андријана.
Јаневска пред неколку дена, пишувајќи на тема Евровизија на својот Фејсбук, откри дека девет години го подготвувала својот докторски труд.
„Денес имам 42 години и се чувствувам исполнето, среќно и остварено на приватен и професионален план.
Што се однесува до мојата желба да направам нешто за Македонија, тоа го направив преку докторскиот труд на кој работев девет години, а со кој успеав да заштитам над 150 македонски народни песни во регионите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора, кои соседните држави претходно суптилно, а во последен период јавно почнаа да ги претставуваат како свои“, напиша Андријана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…