Анел Фидоски избран за нов шеф на Скопското обвинителство
Обвинителот Анел Фидоски е избран за нов шеф на скопско јавно обвининителство. За него денеска гласаа 7 од 11-те членови на Советот на јавните обвинители. Двајца од членовите гласаа против, а двајца беа воздржани.
Досегашниот шеф Гаврил Бубевски, и покрај пофалните зборови за својата досегашна работа, доби пет гласови, што беа недоволни за втор мандат.
Во трката за една од најмоќните позиции во правосудството учествуваа петмина кандидати. Покрај Фидоски и Бубевски, кандидати беа и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.
Новиот избран шеф, Анел Фидоски, е со искуство од 11 години. Како обвинител во скопското Обвинителство е познат по неколку случаи познати за јавноста, а меѓу нив е гонењето на обвинетите за убиството на Никола Сазодвски, член на групата „Комити“. Тој го наследи и долгогодишниот судски предмет „Тенковски делови“, во кој еден од обвинетите беше и експремиерот Владо Бучковски. По маратонското судење, на едно од рочиштата, обвинителот Фидоски се предомисли и го преквалификува делото пред самиот крај, со што случајот застари.
Обвинителот Фидоски го застапуваше и случајот со малата Тамара, кој исто така застари по преквалификација на кривичното дело во завршниот збор.
Кај овој обвинител во работа е и предметот за ,,Усје”, по поднесена кривична пријава од доскорашната скопската градоначалничка Данела Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството не може да си ги обезбеди…
Само една девојка, преживеана во кочанската трагедија,…
Кривични за демонстрантите кои сакаа да возат…
Битолската полиција поднесе кривична пријава против четири…
Калајџиев: Низа пропусти во случајот „Пулс“ –…
Целата приказна со Кочани е доста интересна…
Уапсен косовски обвинител за примање на мито
По наредба на Специјалното обвинителство на Косово,…
Обвинителството за Беланоца-Барон: Се декларираат за големи…
Со воведни зборови на Обвинителството, денеска, во…