Анима Мунди му врати на Ковачевски: За кучињата не е потребен Брисел, треба да го смените законот!

t

Не е неопходен Брисел, ниту се неопходни пари, за да го измените по итна постапка Законот за заштита и благосостојба на животните! – реагираат од Анима Мунди во врска со денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски кој изјави дека ќе бара помош од Брисел за справување со проблемот со кучињата.

– Со години се справуваме со последиците, замачкуваме симптом, се убиваат животни, страдаат граѓаните, се трошат енормни пари, но не ги третираме причините, изворот на проблемот – неодговорното сопствеништво, размножувањето и напуштањето!

Анима Мунди во 10 наврати доставува предлог измени и дополненија на Закон за заштита и благосостојба на животни, усогласени со најуспешни ЕУ практики, поддржани и од ЕУ парламентарци, кои во континуитет се игнорирани, а истите дефинираат мерки за контрола, сузбивање, надминување на проблемот. Основни се:

1. законска забрана за еутаназија на бездомни животни,

2. законска забрана за размножување на кучињата, освен во случај на регистрирана одгледувачница, регулирање и воведување данок за таа дејност

3. законска забрана за напуштање миленик

4. задолжително регистрирање (со микро чип) на животните од раѓање и создавање функционална јавна и единствена база на податоци од домашни миленици како и кучињата кои се користат при лов, а кои често пати се напуштаат или подаруваат доколку не ги задоволуваат потребните стандарди.

5. Прецизна законска регулација на трговијата со домашни миленици во пет-шоповите и одгледувачниците (кучиња/мачки)

При тоа од надлежните е неопходна сериозна а не декларативна посветеност , програми преку кои плански и во континуитет ќе се промовира/помогне вдомување, наместо купување миленик; воспоставување на национален акт за унифицирање на програмата во сите прифатилишта во Македонија (залови – стерилизирај – вакцинирај – врати , но плански, брзо и масовно во размери кои соодветствуваат со реалните потреби на општините – 75% од слободните единки и мерките а се таргетираат во првата година од мандатот на ЕЛС, на сметка на драстично помала стапка во наредните години доследно/без импровизација/без нарушувања преку комбинирани пристапи и сл. Општините Да овозможат субвенции /бесплатни кастрација и стерилизација на домашните миленици (ова би требало да биде национална програма); планираат и спроведуваат во континуитет мерки кои ќе им помогнат особено на сопствениците на миленици во руралните и приградски средини ( овие кучиња најчесто во поголем дел од денот лутаат слободно) каде достапност на ветеринарни услуги и грижа е дефицитарна, со мобилни вет. екипи за кастрација.

Во сите овие активности Анима Мунди и бројни други здруженија и активисти нудела и нуди своја помош но сме игнорирани. Штетата не ја трпат политичарите туку е секогаш на грбот на граѓаните и животните! – стои во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анима Мунди: Распаднати тела од кучиња и…

Распаднати тела од кучиња и друг отпад…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…