Објавено на:

Анкета во Германија: Дури 78 отсто од Германците сметаат дека Мерц не е соодветен за канцелар

t

Големо мнозинство Германци повеќе не сметаат дека канцеларот Фридрих Мерц е вистинскиот човек за функцијата, покажуваат резултатите од анкетата објавени денеска.

Вкупно 78 отсто од учесниците во онлајн-анкетата на институтот за истражување на јавното мислење „Инса“ (Insa), спроведена за весникот „Билд“, одговориле негативно на прашањето: „Дали Фридрих Мерц е (сè уште) вистинскиот канцелар?“. Само 14 отсто одговориле потврдно, додека осум отсто немале став.

Според извештајот, резултатите укажуваат дека поддршката за Мерц е во постојан надолен тренд од средината на минатата година, кога повеќе од 30 отсто од испитаниците сè уште биле задоволни од неговата работа.

Непопуларен и меѓу конзервативните гласачи

Мерц, кој е лидер на конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ), која е во коалиција со нејзината баварска сестринска партија Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД), забележува низок рејтинг дури и меѓу сопственото гласачко тело. Од анкетираните симпатизери на ЦДУ, 58 отсто рекле дека Мерц не е вистинскиот човек за канцеларската функција, додека 36 отсто ја поддржуваат неговата работа.

Колидерот на СПД, Ларс Клингбајл, исто така не добил високи оценки од испитаниците, иако поминал нешто подобро од Мерц. На прашањето: „Дали Ларс Клингбајл е (сè уште) вистинскиот лидер на СПД?“, 51 отсто одговориле со „не“, а 24 отсто со „да“, додека 25 отсто не дале одговор.

Мнозинството не ја поддржува „заштитната ограда“ кон АфД

Во однос на односот кон крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), испитаниците покажале сè помалку разбирање за таканаречената „заштитна ограда“ (Brandmauer) – политички принцип според кој традиционалните партии одбиваат секаква соработка со АфД.

Речиси секој втор испитаник (46 отсто) смета дека „заштитната ограда“ повеќе не е соодветна политика, додека околу една третина (34 отсто) сè уште ја поддржуваат. Дваесет отсто од анкетираните се изјасниле како неопределени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…