Објавено на:

(Анкета) Повеќето Украинци сметаат дека Зеленски е најголемиот виновник за корупцијата

t

Според најновата анкета од Фондацијата за Демократски Иницијативи, 78% од анкетираните Украинци сметаат дека претседателот Зеленски има директна одговорност за корупцијата во владата и регионалните администрации, додека пак само 18% од анкетираните не се сложуваат со тоа.

Ова мислење повеќе преовладува кај повозрасните генерации, додека кај помладите генерации ова мислење е помалку но сепак значително застапено. Кај помладите процентот кај кои преовладува ова мислење е околу 70%, додека кај повозрасните е над 80%. Социолозите кои ги прашаа учесниците во анкетата за постојните тешкотии за водење бизнис во Украина, огромното мнозинство како најголем предизвик ја наведоа корупцијата во земјата. На второ место беше уништувањето поради Руската инвазија, па следеше непропорционалниот данок и слабата помош од државата.

Повеќе од половината Украинци исто така не се сложија со идеата дека треба да се премолчува корупцијата поради војната, иако таквата критика наводно би ја дестабилизирало земјата и владата во ек на воените дејствија и би направило лоша слика за Украина кај западните партнери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…