Анонимуси ѝм се заканија на западните компании во Русија
Хакерите од Анонимус им се заканија на западните компании што продолжуваат со работа во Русија, а дел од нив уверуваат дека веќе се повлекле од земјата, дури и пред хакерската закана.
На интернет беше објавен список со 42 фирми и предупредување дека ако не се повлечат од Русија, компаниите ќе се соочат со кибер напади.
По руската инвазија на Украина, Анонимус ги мобилизираа доброволците со цел да извршат кибер напади на руски јавни институции, како и медиумски куќи, што се под државна контрола. Во неодамнешните обиди, мета беа Руската централна банка и градежната компанија „Ростпроект“ во Русија.
Од Анонимус најавија дека ќе објават 35.000 документи со „тајни договори“, а соопштија и дека ги хакирале мејловите на „Ростпроект“./MИА/.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакери пробиле дигитални паричници, однеле биткоин вреден…
Сериозен пропуст во областа на безбедноста на…
Проруски хакери открија идентитети на повеќе од…
Идентитетите на повеќе од 400 шпански и…
Хакери украле над 70 илјади лични документи…
Група сајбер криминалци наречена „Мидокс“ украле илјадници…
Хакери тврдат дека збришале 90 милиони долари…
Хакери кои веројатно имаат врски со Израел…
Хакери го нападнаа компјутерскиот систем на двата…
Хакери го нападнаа компјутерскиот систем на двата…