Антикорупциска покренува иницијатива за кривично гонење на еден поранешен и еден актуелен градоначалник

t

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење во Основното јавното обивнителство против поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и против актуелниот градоначалник на Општина Студеничани Азем Садики.

Како што беше појаснето на денешната седница на Антикорупциската комисија, за екс градоначалникот Георгиевски постојат основи за сомневање во врска со изградбата на катастерска парцела во Општина Маџари на ул. „Перо Наков“ од фирмата „Електроелемент“, односно новиот салон за автомобили на „Волво“, додека основи за сомневање постојат врз основа на Ревизорски извештај, за недомаќинско работење и трошење на средства од Буџетот, како и јавни набавки во општината за градоначалникот Садику.

Нури Бајрами, член на ДКСК, во образложението за случајот со Георгиевски, меѓу другото информира дека одобрението за градење во случајот со „Волво“, во прва фаза е донесена на 17.02.2020 година, а за втора фаза на 30.09.2020 година, а во медиумите, подвлече, на 28.06.2019 година објавена е информација дека свечено е пуштен во употреба новиот салон за автомобили, токму во објектот започнат со градење како дивоградба.

Според Бајрами, по направената целосна проверка, градбата е изведена без одобрение за градба, градоначалникот постапил спротивно на Законот за локална самоуправа, што претставува прекршување на Закон и злоупотреба на службената должност и овластување.

– Оваа пракса покажува дека овластените општински инспектори, како што се поставени под капа на градоначалникот, тој одлучува за нивните права и обврски. Инспекторот бил на мака и тој требало да се изјаснува пред членовите на Советот, бил изложен на мобинг. На последната средба што ја имавме дознавме од актуелните вработени односно тие што присуствуваа на состанокот дека овластениот инспектор ја напуштил работата. Ова е појава една што треба да се третира на наредните дебати, овластените инспектори навистина да можат да постапуваат, изјави Бајрами, член на ДКСК.

Билјана Ивановска, претседател на ДКСК најави дека од оваа седница па натаму Комисијата секогаш ќе обработува по еден извештај на Државниот завод за ревизија и ќе доставува до Јавното обвинителство иницијативи за кривична одговорност за службени лица кои ги прекршиле своите овластувања. Таа појасни дека ваквото постапување на ДКСК е согласно членот 17.8 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Ивановска посочи дека во предметот во ревизорскиот извештај направен за финансиските извештаи на Општина Студеничани, на основната сметка за 2020 година.

– Посебно е симптоматично што ДКСК се воздржува од издавање мислења за утврдените состојби во Општина Студеничани. Тоа е состојба што значи дека на ревизорите не им е обезбедена соодветна документација за поткрепување на нивните наоди. Ова е полошо од издавање на негативно мислење, рече Ивановски.

Појасни дека ревизорите не издале мислење, затоа што во 2020 година на сметката на Општина Студеничани биле исплатени средства во вкупен износ од 2,4 милиони денари без соодветна поткрепувачка документација, а вклучуваат поправки и тековно одржување на улици и патишта во износ од 1,9 милиони денари на двајца добавувачи по фактури, а нема прилог дека работите се извршени и одобрени. За поправка на возила се исплатени 205 илјади денари, за што нема работен налог…

– На членовите на Советот на Општина Студеничани и на градоначалникот им се исплатени средства во износ од 908 илјади денари по основ на месечен надоместок за присуство на седници, кои пак воопшто не се одржале, информираше претседателката на ДКСК.

Ивановска меѓу другото посочи дека ваквиот начин на работење не е во согласност со Законот за сметководство на Буџетите и на буџетските корисници, каде прецизно стои дека внесувањето на податоците во длеовните книги се засновува на веродостојни, вистинити и уредни сметководствени документи како доказ за настаната финансиска промена односно трансакција.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

ДКСК го попари Николоски: Не постои никаква…

Државната Комисија за спречување корупција уште во…

Петровска: Нема ништо спорно околу набавката на…

Славјанка Петровска – актуелната министерка за одбрана,…

Еве што смеат, а што не функционерите…

Во пресрет на претседателските избори на 24…

ДКСК се „неписмени“, сметаат обвинителите

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…