Антикорупциска постапи по текст на Инфомакс: “Пуцко Петрол” ја оштетил државата четири милиони евра во случајот со “Трансмет”

t

Членовите на Антикорупциската комисија на денешната седница истакнаа дека мрежа испреплетена од голем број учесници потпомогнале во случајот со конфискација на имотот на „Трансмет“. ДКСК практично постапи по текстот на Инфомакс објавен пред нешто повеќе од една година наслевен како “Ај да видиме што вика катиљ ферманот – дали Арафат Муареми и Артан Ајро правеле „Рекет“ но надграден и проширен?”

Дел од имотот кој требало да биде конфискуван во случајот „Труст“ бил преземен од фирми и банки со што била направена штета од над 12 милиони евра, истакна членот на комисијата Шемси Салаи.

Од Државната комисија за спречување на корупцијата објаснија дека во шемата најголема корист имала фирмата „Пуцко Петрол“, а опремата-движниот имот најверојатно е користен во правење профит за фирми семејно поврзани со осудениот во случајот „Труст“, Сеад Кочан.

Според ДКСК слабости биле утврдени уште на почетокот на процесот во СЈО, односно дел од имотот стекнат со кривични дела бил користен како гаранција за да не му биде определен притвор на сопственикот на „Трансмет“, Сеад Кочан.

Од ДКСК информираа дека во случајот се спомнува и фирмата на Хана Јахоска, „Би Холдинг“, како и фирмата „АД Астра“ на поранешниот директор на Шпаркасе банка Сашо Боко.

ДКСК констатира дека фирмата „Би Холдинг“ е роднински поврзана со „Пуцко Петрол“ во сопственост на Асмир Јахоски.

Според ДКСК, над 12,4 милиони евра изнесува сумата од неспроведената конфискација.

Антикорупциската комисија напомена дека дел од државните органи не презеле соодветни мерки и со тоа помагале во преземање на имотот во случајот „Труст“.

Според Салаи, отворено прашање е зошто правобранителството и Агенцијата за управување со одземен имот, не поднеле никакви барања за да се надмине тој проблем.

„Произлегува сомнеж дека службени лица во Државно правобранителство и Агенцијата за управување со одземен имот не ги презеле службените дејствија со што е овозможено преземање на имотот, а надлежните учествувале во изигрување на државата“, рече Салаи.

Тој додаде дека се појавува и сомнеж зоштио службени лица во државното правобранителство како што рече, не презеле дејствија за конфискување на имотот на „Трансмет“ , со што според него помогнале во изигрување на државата.

Мрежата како што вели била широка и опфаќала и нотари, ивршители и луѓе од други надлежни институции.

Нури Бајрами, побара комисијата да поднесе преставка и да се преиспита работата на судовите и обвинителите.

Случај „Труст“

Бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на фирмата „Трансмет“ е осуден на шест години затвор и забрана за вршење на дејност во траење од три години затоа што со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ со што се здобил со имотна корист од 17 милиони евра. За истото кривично дело на три години затвор и забрана за вршење на дејност во траење од три години е осуден и застапникот на фирмата „Силекс Неметали“, Василије Авировиќ. Со ова по девет месеци заврши првостепената постапка за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Гаврил Бубевски и Артан Ајро, како надлежни обвинители му овозможиле на Сеад Кочан кој бил обвинет во случајот „Труст“ да го префрли целиот имот на „Трансмет“ на компании кои не биле дел од постапката, на тој начин задржувајќи го имотот за себе, а државата не успеала да ја наплати штетата која била направена врз буџетот.

Да биде ситуацијата уште потрагична, Кочан преку неговиот адвокат Никола Додевски поднел и гаранција со цел укинување на мерката притвор, за ставање на хипотека на имотот на „ТВ Нова“ – истиот тој имот врз кој била веќе ставена времена мерка – забрана за оттуѓување и оптоварување.

Инаку, како куриозитет, дел од имотот на „Трансмет“ го купил и актуелен пратеник на ДУИ, бизнисменот Исмаил Јаоски – Пуцко, кој од „Трансмет“ во компензација добил два атрактивни плаца на Водно.

Детали за случајот може да прочитате на линкот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Машала: И Љутков има стан во Бугарија,…

Министерот за култура, Зоран Љутков има четири…

Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…

Членовите на Државната комисија за спречување корупција…

Барањето за дипломатскиот пасош според закон не…

Повикувајќи се на член 11 од Законот…

ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат…

Волкот го менува влакното, но не и…

ДКСК сепак, покрај дипломатските пасоши барала и…

Претседателката на Државната комисија за спречување на…