Објавено на:

Антисемитизмот во Велика Британија во пораст, 2025 година најсмртоносна за Евреите надвор од Израел во последните три децении

t

Бројот на антисемитски инциденти во Велика Британија во 2025 година се зголемил за пет проценти и достигнал околу 3.700 регистрирани случаи, покажува извештајот на меѓународната работна група Ј7, која ги следи состојбите во седумте земји со најголеми еврејски заедници надвор од Израел, пишува „Телеграф“.

Освен во Велика Британија, раст на пријавените инциденти е забележан и во Аргентина и Германија, додека во САД, Канада, Австралија и Франција е евидентиран пад во споредба со претходната година. Сепак, бројот на антисемитски напади останува значително повисок отколку пред нападот на Израел на 7 октомври 2023 година и почетокот на војната во Газа. Во споредба со 2022 година, антисемитските инциденти во анализираните земји се зголемиле за 136 проценти, а насилните напади за 97 проценти.

Британската министерка за домување и заедници, Анџела Рајнер, изјави дека е „згрозена од драматичниот пораст на антисемитизмот“ и порача дека Владата соработува со меѓународните партнери за подобра заштита на еврејските заедници.

Во извештајот се наведува дека 2025 година била најсмртоносната за Евреите надвор од Израел во последните три децении. Во антисемитски напади во седумте анализирани држави загинале 20 лица – најголем годишен број жртви од 1994 година.

Меѓу најтешките случаи се нападот врз синагога во Манчестер, во кој загинаа две лица, вооружениот напад за време на прославата на Ханука во Сиднеј со 15 жртви и убиството на двајца вработени во израелската амбасада пред Еврејскиот музеј во Вашингтон.

Авторите на извештајот предупредуваат дека социјалните мрежи сè повеќе придонесуваат за ширење говор на омраза и радикализација. Според претставници на американската организација Anti-Defamation League, насилството најчесто започнува со ширење омраза на интернет, а дополнителен предизвик претставува и употребата на вештачката интелигенција за создавање и ширење екстремистички содржини.

Независниот советник на британската влада за антисемитизам, Џон Ман, повика институциите да преземат јасни и систематски мерки за справување со омразата кон Евреите, предупредувајќи дека игнорирањето на проблемот само ја влошува состојбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антисемитизмот во Велика Британија во пораст, 2025…

Бројот на антисемитски инциденти во Велика Британија…

„Одвратниот антисемитизам се враќа“, предупредува Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди на повторниот…

Макрон предупреди за антисемитизам по пожарот во…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска предупреди за…

Белата куќа го обвини Илон Маск дека…

Белата куќа денеска го обвини Илон Маск…

Белата куќа најавува чекори за борба против…

Белата куќа објавува серија активности што ги…