Антиќ за дуксерот „Звезда“: Престанете да бидете негативни, сè што имам направено за Македонија ми дава право да бидам облечен како што сакам
Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, во интервју за Македонски медиумски сервис одговори на прозивките за дуксерот со натпис „Црвена звезда“ што го носеше на хуманитарниот ракометен натпревар во арената „Борис Трајковски“.
„Вчера не беше модна ревија, туку убав спортски настан. Можев и во дуксер со Меси да дојдам! Имам таков и син дуксер. Тоа ми е опрема дадена од последната сезона кога играв. Не сум отишол да купам. Ма, не се оправдувам и не сакам ова да изгледа дека се оправдувам. Секој може да облече што сака, секако и јас. Може и гол да оди, отворен ум, нели сме 21 век. А сите си навиваат за свој клуб. Јас сум кажал и пак ќе кажам дека навивам за Црвена звезда, Олимпијакос и Фенербахче и тоа ќе остане така. Јас сум нивен фан, јас тоа не го кријам. Но, секако дека Македонија ми е под број еден. И сè што јас имам направено за Македонија ми дава право да бидам облечен како што сакам. Македонија ја претставував во најдобро светло низ целиот свет. За мене една е Македонија, едно е знамето и една е химната и тоа никогаш нема да се смени. Затоа, до злобнициве немам порака, само сакам да им честитам среќна Нова година, да имаат здравје и малку да се опуштат. Да престанат да бидат негативни, бидејќи има многу поважни работи за кои треба да се коментира, а не кој како е облечен. Јас Македонија си ја сакам, тоа сите го знаат, затоа за нив само сè најубаво“, изјави поранешниот капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија за ММС.мк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска за истрагата на УГД Штип: Секогаш…
Секогаш ќе има поединци што ќе го…
(Видео) Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен…
Македонија се позиционира како значаен енергетски и…
Трагедија во Богданци: Пронајден мртов 21-годишник покрај…
На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од…
Министерот Тошковски за случајот со Михаилова: Истрагата…
Три недели по откако Ива Михаилова замина…
„Канал 14“: Во Израел очекуваат Трамп да…
Во Израел проценуваат дека американскиот претседател Доналд…