Антиќ: Јокиќ и Дончиќ играат со срце, а не за пари и затоа се – најдобри

t

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), Перо Антиќ, неодамнешното гостување во Грција го искористи да даде изјава за новинар од оваа земја кој работи за еден од најдобрите европски кошаркарски портали „Еурохупс“, во кое, меѓу другото, ја коментира играта на Балканците во НБА.

Тој за Никола Јокиќ потенцира дека допрва ќе има што да каже.

„Јокиќ игра со срце, а парите и не го интересираат. Кога имаш талент и работиш напорно, тогаш парите сами ќе си дојдат. Тој ја обожува кошарката и ужива во неа, а сето ова се однесува и на Лука Дончиќ. Двајцата се вистински пример за денешните деца како треба да ѝ пристапат на оваа игра. Според мене, Никола игра со половина сили. Замислете што ќе прави кога ќе почне да игра со цел капацитет“, изјави Антиќ.

Тој во продолжение потенцира дека во Евролигата навива за своите поранешни клубови Фенербахче, Олимпијакос и Црвена звезда, како и дека Бојан Богдановиќ, неговиот поранешен соиграч од Истанбул и некогашен цимер, е полуд по кошарката дури и од еден Жељко Обрадовиќ.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…

Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…

Експлозија во уште едно складиште за оружје…

Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…

Трамп не се противи Кина да произведува…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека…

ВМРО-ДПМНЕ: 4,6 милиони евра провизии за незавршена…

ДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти…