Антониа Гиговска: Конечно народот го смени погрешното мислење за мене

t

Во последното интервју за Бекстејџ после нејзиниот настап во позната скопска дискотека Антониа Гиговска вели дека конечно народот го сменил погрешното мислење за неа.

Се радувам што конечно народот го смени погрешното мислење за мене. Тоа се приметува и кога се движам по улица…ха ха ха, вели Антониа.

Таа периодов беше актуелна во јавноста после раскинувањето на врската со вокалот на групата Либеро бенд, Иван Јованов, со кого пејачката живееше заедно подолго време.

Прашана за тоа дали до неа допираат хејт коментарите на социјалните мрежи за Женски магазин, Гиговска одговори:

Ух… па дефинитивно најмногу ме повредува лош коментар за моето семејство. Сè друго е прифатливо и навика со оглед на тоа што јавните личности се подложни на секакви коментари. Ме погодува тоа што некој некогаш т.е најчесто се дрзнува да искоментира мој карактер и тоа каква сум јас приватно, а не ме познава, меѓутоа не можам да спречам нечие мислење. Секој има право на мислење, но не е секој така како што изгледа, јас имам свој гард, но сум личност што страшно многу брзо се приврзува, така што сакам да сум меѓу луѓе, стравот да сум сама ме убива.

Гиговска музичката кариера ја започна во шоуто „Пинкови ѕвездички“, каде го освои жирито со својот специфичен глас и вокални способности. Стручното жири имаше само пофални зборови за неа.

Антониа за првпат на сцена застана на 14 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Известени биле сите гранични премини,…

Инфомакс дознава нови детали за бегството на…

Мицкоски: Градиме наместо да ветуваме, почна изградбата…

Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните…

Еве што наше даде Бугарија на Грција…

По 109 години, Бугарија ѝ врати на…

Бил Гејтс предупредува: Во 2027 година нè…

Бил Гејтс предупреди дека човештвото би можело…

(Видео) Мега дипломатски скандал: Бугарија организирала бегство…

Ива Михаилова која во Македонија се гони…