Антонио Кошта на 1 јуни ја почнува својата втора турнеја низ земјите од Западен Балкан

t

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од 1 јуни ја започнува својата петдневна турнеја низ земјите од Западен Балкан. За време на посетата, Кошта ќе се сретне со лидерите од регионот и ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, како и безбедноста и стабилноста. На 5 јуни тој ќе копретседава со самитот на Европската Унија – Западен Балкан во Тиват.

„Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал – посветеноста на ЕУ кон регионот е реална, исто толку реална колку и можноста за проширување. Моментумот е тука. Сега е време за реализација“, порача Кошта во пресретна турнејата.

Својата обиколка низ земјите од Западен Балкан тој ќе ја започне во понеделник во Сараево каде што ќе се сретне со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ, Жељко Комшиќ и претседателката на Советот на министри, Борјана Кристо.

Еден ден подоцна, на 2 јуни, Кошта ќе престојува во Тирана каде што ќе се сретне со премиерот Еди Рама и претседателот Бајрам Бегај, а истиот ден ќе отпатува за Скопје, на средба со премиерот Христијан Мицкоски.

Кошта во среда ќе се упати кон Приштина каде што ќе се сретне со в.д. претседателката Албулена Хаџиу, премиерот во заминување Албин Курти и со претседателите на опозициските партии. Својата турнеја ќе ја продолжи на 4 јуни во Белград, каде што ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ и претставници на граѓанското општество.

Претседателот на Европскиот совет ќе ја заврши својата обиколка на земјите од Западен Балкан со посета на Црна Гора на 5 јуни каде што ќе биде копретседател на Самитот ЕУ – Западен Балкан на кој централна тема ќе биде „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…

Мерц повика на единство на владејачката коалиција…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…

Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…

Бразил во недела, на 25 октомври, избира…

Вашингтон барал од Маск да го вклучува…

Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…

Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…

Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…