Анѓушев: Мислам дека Петков имаше добри намери во Битола – Во ЕУ влегоа земји што не се ништо подобри од нас

t

Поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев во денешното интервју за телевизија Канал 5 го искоментира потегот на Бугарија со делегацијата на отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

-Тешко е да се каже: дали е провокација или гаф. Знаете од она што јас го пратам, мислам дека премиерот Петков има добра намера, но во Бугарија има многу ретроградни сили кои се противат на тоа. Го намалуваат нивото на разбирање во македонското општество. Тоа е мое мислење, не дека имам некои дополнителни информации.
Е сега дали треба да се прекинат разговорите, ние еден ден мора да најдеме решение. Претешко е тоа прашање за јас да го одговорам.
Но, дефинитивно треба да се заземе еден нов курс во кој појасно ќе се кажат работите. Треба да има поголемо разбирање и толеранцијата од другата страна, рече Анѓушев.

Во однос на ЕУ и недобивањето датум, Анѓушев рече дека македонскиот народ има право да се чувствува излажан.

-Но, мораме да имаме предвид дека многу земји членки кога станаа членки не беа ништо подобро од Македонија сега. Македониот народ не ја доби заслужената награда, рече Анѓушев.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ