Апасиев го оспори попречувањето на референдумот за Францускиот предлог пред Уставниот суд
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, го оспори попречувањет на референдумот пред Уставниот суд на Република Македонија и нагласи дека спикерот Џафери ги крши уставните права на Македонците.
– Анти-македонскиот режим на СДС-ДУИ, плашејќи се од антифашистичкиот дух на македонскиот народ и отпорот на граѓаните кон оваа ненародна власт, ја суспендира демократијата и, кршејќи го Уставот и законите, не дозволува референдумско изјаснување за т.н. Француски предлог за бугаризација!
Од оваа причина, претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, од свое и во име на македонскиот народ, поднесе барање до Уставниот суд за заштита на правото на политичко дејствување и забрана на дискриминација по основ на политичка припадност, согласно со член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија.
По барањето на претседателот на Левица, Димитар Апасиев, Уставниот суд веќе оформи предмет и е должен да одлучува во скратена постапка. Талат Џафери, и покрај јасните деловнички обврски, одбива да ја проследи иницијативата за референдум поднесена од Димитар Апасиев до надлежните собраниски работни тела и незаконски ја узурпира надлежноста на пленумот на Собранието, арбитрарно и малициозно прогласувајќи ја иницијативата за неуредна.
Со ова нелегално дејствие, претседателот на Собранието оневозможува граѓаните директно да се изјаснат за прашање кое е клучно по иднината на Република Македонија, еклатантно кршејќи го Уставот, и загрозувајќи го владеењето на правото и демократијата во Републиката!
Очекуваме Уставниот суд да се издигне над политичките притисоци од власта и да застане во одбрана на уставниот поредок на Република Македонија, со што ќе го задолжи Џафери да постапи согласно неговите Уставни, законски и деловнички обврски и ќе овозможи собирање на потребните 150.000 граѓански потписи за распишување на референдум на државно ниво. – стои во соопштението на Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…
Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…