(Фото) Апасиев oбјави документ: Обвинува за владино прикривање и амнестирање на градоначалникот Папазов
Зошто го амнестирате ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Кочани од вашите редови (кој на секоја втора слика е истопорен до Мицкоски), а ги апсите ситните риби?
Ова е образецот на Пријавата, кој согласно закон, се поднесува до него – и во случај на отворање “кабаре”. Значи тој, по службена должност, знаел за диско-шталата! Легитимното прашање е зошто тој и општинските инспектори не презеле мерки за контрола и затворање на објектот? Оти, кривични дела се прават и со НЕСТОРУВАЊЕ!
ВладиноПрикривање
РекетДржава
Пишува на Фејсбук професорот, Димитар Апасиев
Градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов, поднесе неотповиклива оставка од функцијата по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека Папазов постапил доблесно, иако, според него, немал никаква одговорност за несреќата.
„Градоначалникот без никаква одговорност е доблесен и поднесе денеска оставка бидејќи ништо не зависи, во овој случај, од него“, истакна Мицкоски.
Неколку часа после оваа изјава на Мицкоски, Папазов беше на слобода.
Оставката на Папазов доаѓа откако вчера, во текот на целиот ден, не одржа прес-конференција ниту јавно изрази сочувство кон семејствата на загинатите и повредените. Денеска, тој преку статус на Фејсбук објави дека поднесува неотповиклива оставка, но без дополнителни објаснувања.
Очекувањата се дека неговата оставка ќе отвори политички дискусии за одговорноста на институциите и мерките што треба да се преземат за вакви трагедии да не се повторат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…