Апасиев и Крмов му поднесоа нова кривична пријава на Џафери

t

Пратениците на Левица – проф. д-р Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до Основното јавно обвинителство – Скопје, денес поднесоа заедничка кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, заради основано сомневање за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата” – казниво по чл. 353-в од Кривичниот законик, со запретена затворска казна до три години, соопштија од партијата.

Пријавата, која е деветта по ред против беззаконието и силеџиството на овој амнестиран терорист, е поднесена поради пропуштање должен надзор и злонамерно несовесно постапување во случаите со шверцуваните пет закони за „Бехтел и Енка” (Законот за стратешки партнер за коридорите 8 и 10-д + Законот за урбанистичко планирање + Законот за градење + Законот за експропријација + Законот за работни односи), кои спротивно на сите деловнички правила беа пуштени со европско знаменце – без пополнета кореспондентна табела и без потпис од надлежните министри. 

Пријавениот бил должен истите да ѝ ги врати на Владата, како предлагач, со барање за усогласување со одредбите од Деловникот – а не го сторил тоа, поради што го довел парламентот во заблуда и ги повредил загарантираните уставни права на пратениците, за што подлежи на кривично-правен прогон по службена должност.

Ја известуваме македонската јавнос дека правниот тим на Левица подготвува уште најмалку две кривични пријави против Џафери, за различни кривични дела против службената положба и овластување, а нивното процесуирање ќе биде услов на Партијата за учество во било која идна Влада на Република Македонија.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…

Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…

Пратеник по Устав и по Деловник има…

ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…

Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…