Апасиев и Крмов положија свежо цвеќе на спомен обележјето нa семејството на Гоце Делчев во Благоевград

t

Апасиев и Крмов денеска присуствуваа на отварањрто на македонскиот клуб во Бугарија, иформираат од Левица.

– На денешното отворање на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, беше присутна официјална делегација на Левица, предводена од претседателот Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов, како и членот на Президиумот, Реџеп Исмаил – Хактан и Александар Симонов, координатор на Програмскиот сектор за надворешна политика.

Претседателот Апасиев, во своето официјално обраќање до присутните во Благоевград, ја истакна храброста на Македонците во Пиринска Македонија, кои преку отворањето на Клубот „Никола Вапцаров“ ја потенцираат разликата помеѓу фашистичките клубови коишто се отвораат во Македонија, земајќи предвид, дека ова е име на антифашист и на комунист и од тој идеолошки аспект Левица дава целосна поддршка на ваквите клубови.

Делегацијата, заедно со организаторите и присутните поддржувачи, во текот на обиколката на градот, положија цвеќе на споменикот на Димитар Благоев — македонски политичар од Бугарија, родум од Костурско (Егејска Македонија), чиешто име е овековечено во името на градот Благоевград, а се поклонија и пред спомен обележјето на семејството на македонскиот војвода Гоце Делчев, валат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…

Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…

Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…

Пратеник по Устав и по Деловник има…

(Фото) Пратениците на Левица остварија официјална средба…

Денес, 18 октомври 2023 година (среда), претседателот…

Апасиев: Партијата на Мицкоски со ново предавство,…

Говор на претседателот на Левица проф. д-р…

Апасиев за Мицкоски: ги саботирате протестите, додека…

Каде се чуло и видело, најголема опозициска…