Апасиев: Левица го оспорува Законот за јазиците, Уставен абер нема да се прозинесе
Левица го оспорува Законот за јазиците, Уставен абер нема да се прозинесе, истакна вчера во телевизиско гостување лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
– „Што е суштината на законот за јазици?
Значи, тој е противуставен закон. Левица е еден од тринаесетте оспорители на законот – подносители на иницијативата. По Деловникот на Уставен суд или актот како што сега го нарекуваат, кога имате барање за времена мерка, а такво барање имаше во нашата иницијатива, Уставен суд треба да се произнесе за 3 месеца.
Поминаа 6 години, Уставниот суд абер нема од произнесување. Тоа значи дека тие свесно го саботираат процесот со цел да не стават пред свршен чин, но тоа говори за капацитетот на уставните судии.
Ние имаме персонално еден од најслабите состави на Уставниот суд. Инаку, Македонија, односно Југославија како тогашна држава, била првата комунистичка земја која вовела Уставен суд. Значи, ние имаме традиција од 60-тите години наваму на уставно судство и овој персонален состав пред да ги изберат овие неколку професори од Правниот факултет, беше најслабиот персонален состав на судот.
Ние дури и поднесовме кривична пријава против тогашниот претседател на Уставниот суд Никола Ивановски, токму поради непочитување на роковите, но ни беше одговорено од Обвинителство дека судијата – известител требало да се гони. До ден денес не знаеме кој е известител на предметот.” – истакна Апасиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…