Апасиев му одговори на Тачи: Да ми го бричи со зелено џамче

t

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи во вчерашаната дебата на Клан ја критикуваше соработката на албанските партии со партијата Левица. Според него, дискурсот на оваа партија покажува колку е антиалбанска.

Левица не ја прифаќа независноста на Косово. Левица го искина документот на кој што пишуваше на албански јазик, потсетува Тачи.

Потоа додаде дека не се појавува на дискусии во Собранието бидејќи ќе треба да го истепа лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

На ова доцна попладнево одговори претседателот на Левица Димитар Апасиев кој му порача на Тачи да му го бричи со зелено џамче.

Се работи за култна реплика од филмот пред дождот снимен во 1994 која гласи „Кажи му да ми го бричи со зелено џамче.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во изминатото деноноќие 19 кривични дела „безобѕирно…

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…

„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…

Со едноминутно молчење во знак на почит…

Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…

На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…