Апасиев му пиша на „Бугар Османи“: Балисту прочитај ја малку историјата на твојот народ, знаеш ли што им правеше бугарскиот фашистички окупатор на Албанците

t

Види вака БУГАР ОСМАНИ… Пред да се уфилмуеш со „меѓуетнички тензии“, како некоја испукана петарда, прочитај малку историја на твојот народ. Ниеден чесен и честит Албанец кој живее од својот труд не го поддржува ова што вие – терористите од Влада – и го правите на Македонија! Еве, читај балисту, како мојот и твојот народ граделе СОЖИВОТ за време на Војната под бугарска чизма:

Во 1942, бугарски фашистички окупатори го напаѓаат планинското село Долно Јаболчиште – велешко (населено со етнички АЛБАНЦИ). Многубројни војници, контрачети и окупаторски колаборационисти, придружени од тајни агенти и полицајци, влегуваат во селото. Насила ги извлекуваат селаните од нивните куќи, на сред село. Откако се најале, ги построиле и ги натерале да играат оро. Ги тепаат по нозете со суровици, прашувајќи ги каде се партизаните од Велешкиот партизански одред (во најголем број МАКЕДОНЦИ) и кои се нивните локални симпатизери? Иако селаните тоа го знаеле, никој не проговорил!

Тогаш, фашистите почнуваат со мачење и убивање… Вкупниот биланс од дивеењето на овие ѕверови е 11 убиени селани и многумина осакатени, а целото село било физички малтретирано и понижувано. Но, никој од нашите сограѓани Албанци од Долно Јаболчиште не ги предаде партизаните! Никој не кажа каде се кријат, ниту кои се нивните јатаци.

p.s. Извршеното ѕверство не ги одврати тамошните селани од поддршката за НОВ. Повеќемина се вклучиле и во партизанските одреди, а барем четворица младинци-Албанци од ова село загинале како партизани, во борбите против балистичките и останатите непријателски сили.

p.p.s. ДОДЕКА СЕ МРАЗИМЕ – НИ ГИ ПРАЗНАТ ЏЕБОВИТЕ, пишува на Фејсбук, Димитар Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради…

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен…

Странските инвестиции во Македонија зголемени за 86…

Приливот на странски директни инвестиции во периодот…

19-годишна девојка загина откако со автомобил излетала…

19-годишна девојка од селото Црнилиште загина во…