Апасиев на Фејсбук најави интерпелација за министерот Тошковски поради пропустите за трагедијата во Кочани

t

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку кратка, но значајна објава на својот фејсбук-профил, најави дека пратениците од Левица ќе поднесат интерпелација за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Повод за овој чекор е трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животите до сега ги загубија 61 млад човек.

„Еве, баце, работно… #Интерпелација“, напиша Апасиев.

Апасиев за време на Пратеничките прашања ја обвини полицијата и Министерството за внатрешни работи за сериозни пропусти и недостиг на навремена и ефикасна акција што, според него, можела да спречи или барем да ублажи последиците од трагедијата. Апасиев и неговата партија укажуваат и на постојаниот проблем со корупцијата, нефункционалноста на институциите и негрижата за безбедноста на младите.

Поднесувањето на интерпелација е еден од ретките, но силни инструменти на политичка одговорност во парламентот, а Левица јасно покажува дека нема намера да дозволи случајот со „Пулс“ да заврши без политичка и институционална одговорност.

Очекувањата се дека расправата околу интерпелацијата ќе ја отвори темата за безбедносните стандарди, лиценцирањето на објекти и улогата на надлежните органи во превенцијата на вакви трагедии.

Со овој потег, Левица покажува дека, и покрај реториката, е подготвена на конкретни институционални дејствија во име на жртвите и нивните семејства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски денес…

Собранието денеска ќе ја започне 104. собраниска…

Левица со нова интерпелација за Панче Тошковски

Левица ќе поднесе нова интерпелација за Панче…

Апасиев го тужи Собранието

Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија…

Интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд е…

За интерпелацијата за работата на претседателот на…

​​​​​​Левица: Нов ценовен шок – власта повторно…

Иако Владата се фали со „успешни мерки”…