Апасиев: На 2,5 метри воздушно до Собрание ќе се гради приватна катна гаража со генератори на дизел!
Знаете ли дека на паркингот и во паркчето позади Собрание (на само 2,5 метри воздушно), ќе се градела КАТНА ГАРАЖА од некој бизнисмен близок до ДПМНЕ. И се тоа би било ОК, гаражава да беше јавна, а не приватна!? – пишува на Фејсбук лидерот на Левица и пратеник во македонското Собрание, Димитар Апасиев.
– Замислете до германскиот Бундестагот или до американскиот Конгрес или до руската Дума некој приватњак да гради зграда!?
И плус тоа, на првите три ката ќе имало генератори на дизел! Таман, нека рокне една експлозија некој ден и сите парламентарци, сосе стафери, да идеме у три лепе… И така аир нема од нас народот, бар ќе летнеме – кој у Рајот, кој у Пеколот. – напиша Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заврши одморот за пратениците
Со одржувањето на денешната Работна сесија на…
Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…
Отворени се огласи за пет работни места…
Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…
Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање…
По повод 11 Јули – Меѓународниот ден…
Денеска ќе бидат доставени имињата на новите…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во текот…