АПАСИЕВ НЕМА ДА ПРИСУСТВУВА НА ЛИДЕРСКАТА: Со нас не можат да се договараат како со вмровците, ние сме тврд орев!

t

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев за Канал 5 вели дека нема да присуствува на лидерската средба в понеделник.

-Со нас не можат да се договараат како со вмровците. Ние сме тврд орев.

Мицкоски во последен момент се премисли и изјавувајќи дека ќе присуствува на лидерската средба за уставните измени во понеделник.

ВМРО-ДПМНЕ е одговорна и државотворна партија и објавувам дека ќе присуствувам на лидерската средба најавена за в понеделник, затоа што имаме ставови и сме подготвени да ги браниме насекаде во светот, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Mицкоски иако претходно тврдеше дека Уставот е последната брана од бугаризација и неговите пратеници дадоа нотарски гаранции дека нема да гласаат за промена на Уставот тој денес изјави дека ќе гласаат за влез на Бугарите во Уставот ако има гаранции.

-Што се однесува за уставните измени, тоа прашање е затворена тема затоа што уставни измени нема да има под овие околности и без гаранции за нашата европска иднина заштитени од идни условувања од Бугарија, вели Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово разоткри и обвини српски шпион на…

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…

Пожари и натаму беснеат во пет општини…

Пожари и денеска се активни во пет…

Пополека ја губиме војната, има уште неколку…

Украина се чини дека полека ја губи…

Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари

Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…

Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…

СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…