Апасиев очекува над 80 илјади гласови и над 10 пратеници

t

Резултатот од првиот круг реално беше очекуван, а сега очекуваме над 80.000 гласови и двоцифрен број пратеници за да може во идниот парламент да спречиме многу штетни политики, рече претседателот на партијата Левица на вечерашниот Народен собир во прилепското кино „Мис Стон“.

-Очекуваме во изборната единица 4 да влезат минимум двајца, а може и трет пратеник. Резултатот од првиот круг, реално, беше очекуван, ако споредиме со изминатите парламентарни избори кога имавме 37.000, а сега имаме 42.000 гласови. Очекуваме над 80.000 гласови на парламентарните избори што би донело 8 до 10 пратеници.

Во програмата имаме 13 поглавја кои го опфаќаат секој аспект од општественото живеење. Главната порака до граѓаните е да го заокружат бројот 5 на гласачкото ливче и да дозволат млади неподмитливи луѓе да ги застапуваат, бидејќи доста ни е од веќе видени пратеници и од веќе видено гласање за помалото зло. На тој начин ќе спречиме многу штетни политики – рече Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ограбена обложувалница во Скопје

Вчера во 22.00 часот во СВР Скопје…

Ахмети со најубедлива победа, Пендаровски со најголем…

Лидерот на ДУИ Али Ахмети остварува најубедлива…

Не постои бугарска влада која повторно би…

„Не гледам како може повторно да репреговаран…

Косовец со бугарско „бмв“ излета од патот…

Вчера во 06.00 часот во СВР Скопје…

Мишустин реизбран за премиер на Руската Федерација

Државната дума на пленарна седница изгласа да…