Апасиев: Поразително е борбата против корупцијата да ни ја водат странски агентури
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната прес – конференција, во одговор на новинарско прашање го истакна ставот на Партијата по однос на ставањето на црната листа на САД на Артан Груби заради мито и местење на случаи со Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК назначен од ДПМНЕ:
– Мислиме дека ова е обична козметика. Ова е сигнал до корумпираните политичари од ДУИ за да не ескалираат. Меѓутоа, ништо суштински нема да се промени. Скандалозно е тоа што наместо МВР да ги има тие информации, дека Артан ГРУБИ местел случаи со Сашо МИЈАЛКОВ, тоа го дознаваме од странски амбасади. Тоа значи дека ние сме обична територија, без владеење од страна на власта. Тоа само по себе за нас е поразително како народ! Сметаме дека борбата против корупцијата треба да ја водат домашните, а не странските агентури – потенцираше претседателот Апасиев.
По однос на заканите од ДУИ за дестабилизација во Македонија доколку Уставниот суд ја укине неуставно наметнатата двојазичност, Апасиев, исто така го истакна ставот на Левица:
– Што и да одлучат уставните судии мислам дека ќе помине без проблем, исто како што беше и со Балансерот. Впрочем, ако се сеќавате, вчера Али Ахмети се закани со војна! И, тука има простор, ако го читате убаво Законот за политички партии, за интервенција на надлежниот Јавен Обвинител. Бидејќи ние, како политички партии, стрикно ни е забрането да повикуваме на воена агресија. Оттука, мислиме дека во случај на евентуални нереди, после одлуката на Уставниот суд, каква и да биде, органите на прогонот, односно МВР, треба да си ја заврши својата работа и да не ги обеспокојува граѓаните, затоа што има капацитет – одговори претседателот Апасиев
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка:…
Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна…
(Видео) Осум минути молк за насилната смрт…
Во Загреб, Сплит и Осиек, точно напладне,…
Над 438 илјади животни ќе се вакцинираат…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) започна…
Мицкоски: Адвокати и компании свесно се договараат…
Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека адвокатски друштва…
Трајанов: Сега е времето да ги бараме…
Националниот координатор за борба против тероризмот, Павле…