Апасиев: Потребен е трет Илинден

t

Потребен е трет Илинден, вели во изјава за Нова Македонија лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

-,,Втори август несомнено е најважниот државен празник на Република Македонија, но исто така и најважен датум во историјата на македонскиот народ. Со самото тоа што на овој датум се одбележуваат двете најсветли точки од политичката историја на македонскиот народ и неговата борба за слобода – Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година – самиот празник го прави непобитен доказ за континуитетот и непокорот во борбата на македонскиот народ за слобода и остварување на иманентната цел од историската на еден народ – сопствена држава.

Иако Македонците низ историјата претрпеа голем број порази, идејата за слободна Македонија никогаш не згасна и токму со АСНОМ таа идеја стана реалност. Затоа АСНОМ, како резултат на многубројните обиди за државност преку Крушевската Република, е темелот на македонската државност. Денес, кога живееме во полупротекторат и заробена држава, кога истите луѓе што го избришаа АСНОМ од Уставот и сите социјални придобивки, сега, лицемерно го ,,чествуваат’’ и се поклонуваат на илинденските споменици на Мечкин Камен и Пелинце, ние од Левица велиме дека борбата не застанува тука. Потребен е Трет Илинден во борбата на македонскиот народ преку кој ќе се спастри Републиката и повторно ќе се воспостават асномските идеали на државата! Интеграцијата во ЕУ е само средство за подобрување на животот на македонскиот народ и зацврстување на македонската култура и идентитет како еднаква и признаена пред сите народи. Оттука, државноста на македонскиот народ, неговиот идентитет и култура во ниеден случај не може да бидат жртва за интеграцијата во која било меѓународна организација, вклучувајќи ја и ЕУ.’’ – вели Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…