АПАСИЕВ: СЕГА ТАЧЕ ДА БЕШЕ ПРЕМИЕР, А НЕ ДОМАЗЕТ, ЌЕ ГО РАЗРЕШЕШЕ МИНИСТЕРОТ – не стивнуваат критиките
Разрешувањето на директорот на Клиниката за кардиохирургија, д-р. Сашко Јовев предизвика бројни реакции како од граѓаните, така и од многу истакнати членови во нашето општество.
Една од последните реакции споделени денеска преку социјалната мрежа Фејсбук, е реакцијата на пратеникот Димитар Апасиев, која како и досега предизвика и бројни коментари од граѓани и лица кои го следат професорот на Фејсубк.
„Сега Таче да беше премиер, а не домазет во Владата, ќе го разрешеше министерот за здравство, онака лаконски“, напиша Апасиев на Фејсбук.
Ова ги поттикна луѓето уште повеќе да коментираат, па се нижеа разни написи за промента на директорското место која ја разбранува јавноста и која беше причина денеска да се соберат голем број паиценти пред клиниката кои дојдода на пресконференцијата на д-р. Јовев за да му искажат поддршка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентската листа во Србија не планира задолжителен…
Задолжителниот воен рок нема да биде воведен…
За еден месец запленети 734 кубни метри…
Запленети се 734 кубни метри дрва и…
Пациенти глумат дека имаат симптоми за да…
Според ново национално истражување спроведено во САД,…
Семејна драма во Македонија: Инцидент меѓу двајца…
69-годишен маж од Гостивар се соочува со…
Кушнер: САД работат на најголема размена на…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…