Апасиев: Се подготвува кривичната за Мицкоски за попречување на правдата
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на својот Фејсбук профил објави дека се спрема кривичната пријава за попречување на правдата која му ја најави на премиерот на последната седница за пратенички прашања:
„Правниот тим на Левица ја подготвува кривичната пријава против премиерот Мицкоски, за сторено кривично дело против правосудството – попречување на правдата, казниво по чл. 369-а, ст. 5 од Кривичниот законик.
Постојат разумни основи за сомневање дека постапката за разрешување на Јавниот обвинител на РМ е стопирана со цел да се насочи истрагата и, преку владино прикривање и влијание, да се спасат од прогон корумпираните кадри на ДПМНЕ кои биле на функција кога се случил кривично-правниот настан поврзан со пожарот во дискотеката во Кочани.
Корупцијата Убива
Правда за Кочани” – напиша Апасиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…