Апасиев со тужба до Уставен за стопирање на упатството за радиодифузерите: „Нема да спречите пролет, дури и да ги искинете сите кокичиња“

t

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, денеска до Уставниот суд поднесе тужба со времена мерка за стопирање на упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, според кое само „Левица“ нема да има можност за платено политичко рекламирање. Според него ова им е абер од премиерот Христијан Мицкоски преку директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски.

„Оваа прес-конференција ја свикавме по повод скандалозното и досега невидено однесување на органите на власта спрема една парламентарна политичка партија Левица кога од сите парламентарни и вонпарламентарни партии само на една партија ѝ е забрането политичко претставување, односно платено рекламирање во приватните медиуми. Скандалот да биде уште поголем, не само што ни се забранети државните пари кои ни следуваат по закон, туку и доколку би имале наши пари, ние не би можеле да се рекламираме затоа што со едноставно неспомнување во четирите законски пакети ние сме изоставени комплетно како да не постоиме на политичката сцена. Ова е директна последица и пратен абер директно од премиерот преку неговиот подлизурко, Зоран Трајчевски, вечен директор на АВМУ, кои на овој начин се обидуваат да ги скратат крилјата на Левица, но сакаме да им порачаме дека ова нема да помине, напротив, ќе има обратен ефект на бумеранг бидејќи народот гледа како на една партија ѝ се прави класична неправда“ – рече Апасиев.

– Ова е нечеуно што ни го прават, следно најверојатно би било да ни ја забранат партијата со подзаконски акт да не може да учествува на изборите. Нема да спречите пролет, дури и да ги искинете сите кокичиња – порача Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…

По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…

Трамп даде по 100 долари на 20…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…