Апасиев: Југославија го обели образот на Европа
Во интервјуто за ,,Слободен печат”, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, зборуваше за степенот на развој на индустријата во поранешната СФРЈ Југославија, споредено со останатите земји од светот. Тој потсети дека во периодот на социјалистичкото уредување, земјата беше чекор пред најголем дел од европските држави.
,,Значи, тоа е една нација во подем (Кина), цивилизација во подем, којашто на времето доаѓала да учи од Југославија. Кога летале авиони, (гледате документарци во Кина!), Југославија ја перципирале како напредна земја, а тие тогаш биле третиот свет.
Апасиев потенцираше дека Југославија го обели образот на Европа.
,,Буквално, Југославија пред светот го обели образот. Затоа што тие луѓе не се плашеа да мислат на големо, не да мислат на тендери, не да мислат на вработувања, на швалерки… Тие мислеа на идеи”, рече Апасиев.
,,Сега во третиот свет, во Кина, во Азија, во Африка кога ќе кажете Југославија, ви текнува на ,Томос – моторчиња’ во Африка и на ,Тома Винковиќ – трактори’ во Индија, на црнци кои студираат во Белград… Немало нешто што не се произведува во Југославија, буквално, од игла до локомотива. Па не одете подалеку, во Скопје автобуси сме произведувале, сега не можеме да си ги купиме! Значи, тоа било држава по сите нишани”, додава Апасиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни…
Москва ја прозва Холандија по нападот врз…
Руската амбасада во Хаг реагираше откако „Дестинус“…
Канал 13: Според Нетанјаху „нема начин да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на затворени безбедносни…
„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а…
Полската гранична полиција, разузнавачките служби и елитните…
Телма: По неколкучасовен мрак, УКИМ доби струја,…
Дел од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил…