Апелациониот суд ја потврди ослободителната пресуда за Мијалков во случајот „Тортура“

t

Апелациониот суд ја потврди ослободителната пресуда на Основниот суд во предметот „Тортура“, со што потврди и дека немало тортура при апсењето на Љубе Бошкоски во јуни 2011 година пред ресторанот „Воденица“.

Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд на чело со судијката Александра Ристеска изрече ослободителна пресуда во предметот „Тортура“ за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот командант на полициската единица „Алфа“, Ивица Анчевски – Пуки и петмината „алфи“: Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.

Ристевска тогаш кажа дека обвинителот Љубомир Лапе не докажал надвор од основано сомнение дека тие се виновни за делот мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување. Случајот се однесуваше на начинот на кој беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски на 6 јуни 2011 година, ден по тогашните парламентарни избори.

Апелациониот суд Скопје денес пак информираше дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-274/22, во јавноста познат како „Тортура“, по одржана јавна седница и разгледување на жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, одговорот на жалба на обвинетите и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, со кој предлага да се одбие како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, а првостепената пресуда да се потврди, по одржано советување и гласање на 07.02.2023 година донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1959/17 и К.528/18 од 23.07.2021 година.

Советот на Апелациониот суд Скопје утврди дека првостепената пресуда е јасна, разбирлива, подобна за испитување, не содржи суштествени повреди на одредбите на ЗКП, а фактичката состојба е правилно утврдена, при што првостепениот суд утврдил поинаква фактичка состојба од изложената во поднесениот и прецизиран обвинителен акт на Основното јавно обвинителство Скопје

Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин унапреди затворски функционер кој му вршел…

Рускиот претседател Владимир Путин унапреди висок затворски функционер неколку…

Претседателот на Интерпол под истрага за тортура…

Претседателот на Интерпол под истрага за тортура…

Шокантно: Затвореник на ЦИА бил користен во…

Затвореникот Гитмо на ЦИА користен како реквизит…

Хаос во судница на судењето на „Плацеви…

Веројатно ако прашате било кој адвокат кој…

(Видео)Тортурата продолжува: Јанакиески со штаки во полициска…

Куцајќи на една нога, поранешниот министер за…