Објавено на:

Апелација му ја одбила жалбата на Јовановски, осуден дека ја навел сопругата да се самоубие со ќерката во раце

t

Апелациониот суд Скопје му ја одбил жалбата на Стојанче Јовановски, кој е првостепено осуден дека ја навел сопругата Ивана во прегратка со својата ќерка да скокне од балкон и за и за долгогодишно семејно насилство, и ја потврдил 12-годишната затворска казна која му ја изрече Кривичниот суд.

-Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-549/26, по одржана јавна седница на 18.06.2026 година, донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Стојанче Јовановски од Скопје и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.551/26 од 07.05.2026 година – соопшти попладнево Апелациониот суд.

Од Судот најавуваат дека целата нивна одлука да биде јавно објавена.

Јовановски во мај беше осуден на единствена затворска казна од 12 години за семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство.

Трагедијата се случи на 2 март годинава, кога Ивана го загуби животот, скокајќи од балкон заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја. Во судската постапка беше утврдено дека Јовановски континуирано ја тепал, а последното насилство се случило пред самиот чин на самоубиство кога Ивана пријавила во полиција, но кога дошле се премислила.

Насилството кое го трпела со години било пријавувано во полиција цело време и беа утврдени професионални пропусти кај дури 39 полициски службеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…