Апелација пресуди: 15 години затвор за мајката која ја принудуваше малолетната ќерка на сексуални услуги за 2.000 денари
Петнаесет години затвор за мајката која ја принудуваше 14-годишната ќерка на сексуални услуги за паричен надомест од по 2.000 денари. Поранешен полицаец кој учествувал во монструозниот чин доби 18 години затвор, одлучи Апелацискиот суд. Во овој случај за силување беше обвинет и таткото на девојчето кој почина за време на судењата.
Мајката призна дека ја запознала ќерката со полицаецот и оти ја носела во неговата куќа, каде тој вршел полови дејствија врз девојчето, а за возврат мајката добивала 2.000 а понекогаш и 500 денари.
Вината ја призна и поранешниот полицаец, а судијката констатираше дека поради сериозноста на кривичното дело максималната казна е 20 години, но поради признанието, одредени му беа 18 години затвор.
Според соопштението од минатата година, првоосомничениот, татко на шест деца, од кои на три малолетни девојчиња, искористувајќи исти прилики во подолг временски период извршувал обљуба со една од своите малолетни ќерка. Во исто време второосомничената злоупотребувајќи ја својата положба, како мајка на детето кое не наполнило 14 години, го подведувала девојчето да врши полови дејствија за паричен надомест со третоосомничениот.
Таа му го носела девојчето на третоосомничениот, во неговата куќа и за паричен надомест, ја принудувала да се соблекува и да има сексуални односи со него. Доколку детето – одбиело, мајката употребувала физичка сила.
Исто така, првоосомничениот злоупотребувајќи ја својата положба како татко, ја продал својата ќерка, на маж од Косово кој го пронашол преку интернет. Откако бил исплатен паричен надомест од 3.000,00 евра, девојчето било однесено во Косово заради склучување на присилен брак. По два месеци тоа дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот со оправдување дека било многу далеку не ја вратил во Косово и продолжил да врши обљуба врз својата малолетна ќерка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени шест лица во Србија и Словенија…
Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…
Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка:…
Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна…
(Видео) Осум минути молк за насилната смрт…
Во Загреб, Сплит и Осиек, точно напладне,…
Над 438 илјади животни ќе се вакцинираат…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) започна…
Мицкоски: Адвокати и компании свесно се договараат…
Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека адвокатски друштва…