Апелација ја отфрли како неоснована жалбата на Жан Митрев

t

Апелациониот суд Скопје донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Жан Митрев и обвинетото правно лице ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев од Скопје и го потврди предлогот за определување на привремени мерки за обезбедување на имотно-правно побарување на Основното јавно обвинителство Скопје спрема обвинетиот и обвинетото правно лице.

– Советот на овој суд најде дека првостепениот суд правилно постапил кога го прифатил предлогот на Обвинителството и спрема обвинетите определил привремени мерки – забрана за оптоварување и располагање со недвижноста наведена во изреката на решението, како и забраната за исплата на износите наведени во изреката на обжаленото решение од сметките на правното лице за износите за кои е определена мерката, наоѓајќи дека се исполнети сите законски услови, стои во соооштението од Апелација.

Лекарот Жан Митрев, како физичко лице и неговата болница, како правно лице, се товарат за продолжено кривично дело „измама“.

Предметот беше оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лекување од Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…

ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…

Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…

Брнабиќ предупреди на дестабилизација на Србија

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…

Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков:…

Обвинителството во Краков денеска отвори истрага против…

Зошто странски фирми заминуваат од Србија: Во…

Странските компании како „Дрексел мајер“ и „Астер…