АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Бебето Хана едвај преживеа, сега ѝ требаме за да продолжи да се бори!
АПЕЛ ЗА ПОМОШ:
Јас сум мајката на Хана. Срцето ме боли кога ќе помислам низ што се помина моето дете и колку многу борби се уште ја очекуваат. Ниту едно дете не би требало да помине ваква борба.
Хана се роди предвреме, во 30-тата недела, тешка само 1 370 грама. Наместо првите месеци од нејзиниот живот да ги поминеме дома, таа мораше да се бори за својот живот во болница. Дома ја донесовме дури кон крајот на јануари. Тоа беа месеци исполнети со страв, солзи, неизвесност и молитви секој ден да ја дочекаме повторно со нас.
По раѓањето кај Хана беа дијагностицирани хидроцефалус и менингитис. Во главата почна да и се собира течност и со само четири месеци мораше да биде оперирана, за да и вградат шант кој ја одведува течноста од мозокот. Како тоа да не беше доволно, и беше дијагностицирана и комплицирана катаракта. Уште од првите денови видов дека левото око и е заматено. На едното око, за жал, воопшто не гледа.
Но и покрај се, Хана е вистински мал борец. Таа ни покажа колку е силен еден мал живот и колку вреди секоја насмевка, секој мал напредок и секој нов ден поминат заедно. Денес на Хана и се потребни дополнителни лекарски прегледи, специјална помош и операции на окото, кои треба да се направат во странство. Потребни и се и континуирани физикални терапии и рехабилитација, за да и дадеме најдобра можна шанса за напредок и поквалитетен живот.
Трошоците за прегледите, операциите и терапиите се многу високи. Ние како родители правиме се што можеме за нашето дете, но дојдовме до момент кога повеќе не можеме сами. Затоа денес ја отворам мојата мајчинска душа пред вас. Не барам ништо за себе. Барам шанса за мојата Хана, шанса да добие соодветно лекување и да продолжи да се бори за секој мал чекор напред. Како мајка, мојата најголема желба е еден ден да ја гледам Хана како напредува, како се радува на животот и како ги добива можностите што секое дете ги заслужува.
Ве молам, донирајте за Хана. Ако не можете, споделете ја нејзината приказна, бидејќи секоја споделена објава може да стигне до човек кој ќе може да ни помогне. За некого мала донација можеби не значи многу. За мојата Хана таа може да биде дел од патот кон подобра иднина.
ЛИНК ЗА ДОНАЦИЈА:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Политико: НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за…
Земјите од НАТО разгледуваат нова воена финансиска…
Центарот за македонски јазик од Лерин бара…
Центарот за македонски јазик од Лерин апелира…
Изгубена е жена во Скопје, последно е…
Во 15.15 часот во дворот на училиштето…
Израелските сили врзале со лисици и тепале…
Италијанскиот новинар Алесандро Мантовани денес изјави дека…
Рубио ѝ нуди помош на Куба, но…
Марко Рубио испрати порака до кубанскиот народ…