Апел за помош: Потребни се средства за лекување на невработен татко на четири деца кој даруваше крвна плазма за болни од Ковид
Перо Рујковски од гевгелиско Миравци кој во неколку наврати донираше крвна плазма за болни од ковид-19 во земјава, бара помош за физикална терапија.
Како што ни изјави потребни му се средства за лекување со оглед на проблемот со левиот бубрег но и силните болки во пределот на половината заради што тешко се движи. Како што вели тој е невработен и има четири деца и тешко врзува крај со крај па се замолува сите добронамерни луѓе и институции да донираат за помош.
,, Не сум во можност да ги набавам ниту потребните лекови а камоли да одам на физикална. Затоа се обраќам за помош до сите оти верувам дека постои хуманоста и верувам во неа,, ни изјави Рујковски кој ја приложи и својата трансакциска сметка за донации.
Податоците и трансакциската сметка во прилог:



Извор: drnka.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Политико: НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за…
Земјите од НАТО разгледуваат нова воена финансиска…
Центарот за македонски јазик од Лерин бара…
Центарот за македонски јазик од Лерин апелира…
Изгубена е жена во Скопје, последно е…
Во 15.15 часот во дворот на училиштето…
Израелските сили врзале со лисици и тепале…
Италијанскиот новинар Алесандро Мантовани денес изјави дека…
Рубио ѝ нуди помош на Куба, но…
Марко Рубио испрати порака до кубанскиот народ…