Апел од Џафери: Косово и Србија да делуваат рационално за ситуацијата да се деескалира
Стојам на ставот дека и двете страни треба да делуваат рационално за надминување и деескалација на ситуацијата. За ова соодветни надлежност имаат косовските институции, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери актуелните тензии на релација Приштина-Белград.
Тој потенцира дека територијалниот интегритет и суверенитет на Косово е доделен на НАТО, а имајќи предвид дека Македонија е полноправна членка на НАТО и очекуваме во контигентот на КФОР на Косово, очекува тој мандат до крај да се изврши и да се обезбеди она што им е дадено како обврска од Обединетите нации.
-Постигнатиот договор за регистарските таблички со посредство на ЕУ е акт кој што влијае на намалувањето на тензиите на северот на Косово и е позитивен знак и поттик за продолжуввање на преговорите се до нормализирање на односите меѓу двете земји. Во контекст на економската соработка како дополнителен поттик на понатамошниот напредок на билатералните односи, го поддржуваме целосно, кажа Џафери на денешната средба во Собранието со неговиот косовски колега Глаук Коњуфца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…